Home » Во Скопје и утрово преполни контејнери со смет

Во Скопје и утрово преполни контејнери со смет

by Журнал.мк

И утрово во Скопје повторно можат да се забележат преполни контејнери по скопските улици од кои се шири лош мирис откако службите на градското претпријатие Комунална хигиена – Скопје неколку дена, во протест, одбиваа да ги празнат контејнерите.

Дел од градоначалниците на скопските општини вчера соопштија дека се самоорганизирале за чистење на ѓубрето. За денеска е најавен состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион, кои ќе излезат со свој став за настанатата состојба. Градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски вчера најавија дека сами ќе започнат со чистење на отпадот. Доцна синоќа, по седница на Кризниот штаб, градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Комунална хигиена е ставена во нормала и оти се надева дека од денеска ќе почне да работи со целосен капацитет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk