-3.2 C
Skopje
Tuesday, January 18, 2022

Во Скопје вчера санкционирани 130 возачи, од нив 28 за брзо возење

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи вчера во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје изрече вкупно 130 мерки, меѓу кои 28 санкции за возење повеќе од дозволената брзина и 20 за возење без возачка дозвола.

Како што информираат од МВР, изречени се и четири санкции за управување под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, 14 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 47 за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека и во следните денови ќе продолжат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com