28.8 C
Skopje
Friday, August 6, 2021

Во Скопје вчера казнети 58 возачи

Најчитани вести

Скопје, 4 јули– Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле три лица, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 58 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, а двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин.

Еден возач е санкциониран за неправилно престигнување, 14 возачи за не носење заштитен шлем, пет возачи за не  користење сигурносен појас и 17 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 18 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 78 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак”, отстранети биле 70 возила.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести