-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Во Скопско се пука од сите калибри, граѓаните во страв, МВР не слуша ништо

Најчитани вести

Над 30 часа траат интензивните пукотници од разни видови оружја во скопската населба Ченто и селото Сингелиќ.

Очевидци кои живеат во овој дел од главниот град велат дека пукањето на семејни веселби, најчесто свадби започнало во петокот ноќта и од тогаш не запира.

Според познавачи кои ги анализираа аудио снимките испратени од читатели на expres.mk се работи за разни видови на оружја меѓу кои и автоматско оружје, популарниот калашњиков.

Граѓаните се плашат да пријават во полиција затоа што од полициските станици бараат целосна идентификација на пријавителот кој подоцна може да биде откриен од полицајците на тие што се пријавени.

Последниве десетина години во Македонија загинале десетина луѓе а десетици се ранети од пукање на свадби.

Последен пример беше случајот со пратеникот на ДУИ Џевад Адеми во кој имаше и ранети луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести