28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Во светот 510.365 новозаразени со коронавирус во еден ден

Најчитани вести

Повеќе од 510.000 нови потврдени случаи на зараза со коронавирус се регистрирани во светот минатиот ден, а вкупниот број на такви случаи надмина 130,42 милиони, објави Светската здравствена организација (СЗО) во дневниот билтен.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус е зголемен за 510.365 во изминатите 24 часа, и сега изнесува вкупно 130.422.190.

Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се зголеми за 10.173, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест се искачи на 2.842.135, пренесува TАСС.

Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци од земјите.

Северна и Јужна Америка сочинуваат повеќе од 34 проценти од дневниот број на нови случаи на ковиди-19 (177.098 случаи). Следуваат Европа (169.858 случаи) и Југоисточна Азија (103.810).

Најголем број случаи на коронавирус се пријавени од САД (30.304.462), Бразил (12.910.082), Индија (12.485.509), Франција (4.665.709), Русија (4.580.894), Велика Британија (4.357.095), Италија (3.650.247) , Турција (3.445.052), Шпанија (3.291.394), Германија (2.885.386), Полска (2.438.542) и Колумбија (2.428.048).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести