-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Во Сараево уапсени пет лица осомничени за воени злосторства

Најчитани вести

Пет лица се уапсени денеска во кантонот Сараево под сомнение дека извршиле злосторства против цивили и злосторства против воени заробеници, во периодот меѓу 1992 и 1994 година, соопшти Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА).

Се додава дека по кривичната истрага уапсените лица ќе бидат предадени во надлежност на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Ова е трета ваква акција на апсење за воени злосторства во БиХ во последните десет дена.

Во Бјелина и Соколац, во Република Српска, СИПА на 3-ти декември уапси седум лица под сомнение дека масакрирале бошњачки цивили во 1990-тите во североисточниот град Балатун.

Претходно, на 30 ноември, членовите на СИПА уапсија девет лица во областа Нови Град под сомнение дека извршиле злосторства против човештвото за време на војната во 1990-тите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com