На аеродромот во Сараево вечерва пристигнаа државјани на Босна и Херцеговина, кои се бореле во терористичката организација Исламска држава, пренесуваат босанските медиуми. Авионот со кој летале е воен.
Претходно, беше најавено дека мажите по кои е распишана меѓународна потерница веднаш да ќе спроведени во просторијата на Обвинителството на БиХ бидејќи веќе им е определен притвор.
Како што пренесуваат босанските медиуми, се работи за државјани на БиХ и нивните семејства, кои биле во Сирија. Оваа група требаше да пристигне во Сараево пред две недели, но еден ден пред депортацијата сè беше одложено, иако Претседателството на БиХ беше согласно.