Врз основа на издадена потерница, во САД уапсен е поранешниот претседател на Перу, Алехандро Толедо, соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител во Лима.
Толедо, кој во Перу се смета за бегалец, одби да ја почитува одлуката на локалниот суд и да помине 18 месеци во притвор пред судењето под обвинение за наводна корупција во случај поврзан со бразилската градежна компанија Одебрехт. Толедо негираше дека е виновен.
Тој беше претседател на Перу од 2001 до 2006 година, а последните години живее во Калифорнија.