3 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Во САД сомнежи дека Пентагон користел крлежи како биолошко оружје

Најчитани вести

Некои членови на Претставничкиот дом на САД стравуваат дека Пентагон експериментирал со крлежи, а потоа да ги пуштал надвор од лабораториите што предизвикало ширење на Лајмска болест, од која во САД боледуваат околу 300.000 луѓе.

Весникот „Рол кол“, специјализиран за покривање на настани oд Конгресот и Капитол Хил пишува дека Претставничкиот дом одлучил да го поддржи амандманот на Законот за одбрана до 2020 година, што бара Министерството за одбрана да ги провери шпекулациите за лабораториски модифицирани крлежи, пренесува „Танјуг“.

Републиканскиот пратеник Кристофер Смит од Њу Џерси го напишал амандманот, кој бара од главниот истражител за Стејт департментот да испита и да поднесе извештај за тоа дали Министерството за одбрана во периодот меѓу 1950 и 1975 година експериментирало на крлежи и други инсекти кои потоа се користеле како биолошко оружје.

Ако истрагата утврди дека постоела таква или слична програма, истражителот ќе треба да провери и да утврди дали некои од инсектите кои се користеле во експерименти избегале или биле намерно ослободени од лабораториите.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести