24 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Во рудник за јаглен во Кина загинаа 15 работници

Најчитани вести

Најмалку 15 рудари загинаа, а девет се повредени во несреќа во рудник за јаглен во Кина, соопштија денеска локалните власти.

Акцијата за спасување била прекината утрово, бидејќи сите преживеани излегле од јамата во северната провинција Шанкси.

Истрагата за причината за експлозијата е во тек.

Кинеските рудници се сметаат за најсмртоносни во светот. Честа причина за рударски несреќи се експлозиите на метан.

Поголемото почитување на прописите за безбедност, обуката на работниците и затворањето на мали рудници придонесло да се намали бројот на несреќи во последните години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести