20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Во Романија 33.000 луѓе се откажаа за 24 часа од вакцинирање со „АстраЗенека“

Најчитани вести

Околу 33.000 Романци се откажаа од вакцинацијата со вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ за само еден ден, јавија романски медиуми. Според весникот Журнал тоа се должи на страв од несакани ефекти од вакцината која е во центарот на огромни полемики.

Координаторот за вакцинација во таа држава Валериу Георгита изјави дека за изминатите 24 часа 33.000 закажани вакцинации со „АстраЗенека“ се откажани од вкупно 448.896.

– Во моментот во центрите за вакцинација каде се аплицира „АстраЗенека“ имаме голем број луѓе кои се откажаа од вакцинација со таа вакцина… бројот на закажани вакцинации е 446.896 со „АстраЗенека“, изјави тој.

Властите во државата продолжуваат со вакцинација на „АстраЗенека“ се додека не добијат мислење од Европската агенција за лекови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести