37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Во Република Српска се затвораат сите угостителски објекти, наставата за сите ќе биде онлајн

Најчитани вести

Во Република Српска сите угостителски и други услужни објекти ќе бидат затворени во следните седум дена, а сите ученици од денеска ќе се префрлат на часови преку Интернет, одлучи штабот за вонредни состојби.

Покрај работата на угостителските објекти, забрането е и вршење на услужни активности како фризерски и козметички салони, скијачки центри, трговски центри, базени, велнес центри, културни институции – театри, кина, музеи, галерии, пренесуваат медиумите од Бања Лука.

Затворањето не се однесува на пазарите и продавниците што продаваат бела техника и опрема, градежни материјали, продавници за мебел, освен ако не се наоѓаат во трговски центри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести