2 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Во рација во БиХ запленета дрога вредна два милиона евра

Најчитани вести

Полицијата во Босна и Херцеговина во акција спроведена по налог од Обвинителството на БиХ разби синџир за шверц на дрога од Западен Балкан кон Хрватска и другите земји членки на ЕУ, при што заплени наркотици во вредност од повеќе од два милиони евра, потврдија властите во Сараево.

Според изјавата од Обвинителството на БиХ, полицијата во Херцеговина во средата запленила повеќе од 500 килограми марихуана во акција под кодно име „Тебра“.

Дрогата била пронајдена при претрес во сомнителни објекти во областа Габела Поље, близу до границата со Хрватска.

Инспекторите утврдиле дека дрогата во Босна и Херцеговина била шверцувана од Албанија преку Црна Гора, а нејзината конечна дестинација бил нелегалниот пазар во ЕУ.

Обвинителството на БиХ потсетува дека стотици килограми дрога се запленети изминатата година како дел од истрагите за шверц на наркотици.

Како што велат од таму, овие истраги ќе продолжат во соработка со партнерските организации од други земји.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести