Ирачките безбедносни сили убиле 13 антивладини демонстранти за време на вчерашните протести во кои дојде до тешки судири. Демонстрантите гневни поради раширената корупција во владата и лошите комунални услуги палеле автомобилски гуми и ги блокирале главните патишта. Во провинцијата Басра загинале седум демонстрати откако ирачките власти користеле боева муниција и солзавец за растурање на протестите.