Од 06:40ч сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода на 500 метри од крстосницата „Камен Дол, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.На магистралниот пат А-3 кај с. Очипала на патниот правец Македонска Каменица-Делчево, сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.