5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Во Полска уапсено лице осомничено за вмешаност во убиството на холандскиот новинар Питер де Врис

Најчитани вести

Триесетгодишен Полјак е уапсен во врска со убиството на познатиот холандски новинар за криминал Питер де Врис, јави ДПА, повикувајќи се на Обвинителството во Амстердам.

Осомничениот бил уапсен во Полска и треба да биде екстрадиран. Лицето е обвинето за соучесништво во подготовката на убиството. Новинарот беше застрелан во Амстердам на 6 јули минатата година, а девет дена подоцна им подлегна на здобиените повреди во нападот.

Осомничениот сторител и возачот на возилото со кое избега од местото на настанот беа уапсени набргу по пукотницата. Ним им се суди во главниот град на Холандија и за стореното дело може да добијат доживотни казни затвор.

Судиите се сомневаат дека зад убиството стои позната криминална група за шверц на наркотици. Де Врис беше доверлив човек на клучен сведок во судењето за големо убиство во кое беше вклучена предметната банда. Братот и адвокатот на клучниот сведок беа убиени уште пред нападот врз холандскиот новинар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести