14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Во пожар на Хвар, загина еден човек

Најчитани вести

Пожар што изби вчера околу 13 часот на хрватскиот остров Хвар зеде една жртва.

Имено, мажот кој бил жител на островот се обидувал од огонот да го спаси багерот, но не успеал во намерата и загинал.

Инаку, пожарот утрово е локализиран, откако пожарникарите го обиколиле огнот од исте страни. На терен се сите островски пожарникари, околу 40 луше и 10 возила, а на помош им дошле 20 пожарникари од Сплит.

Изгореа десетина хектари борова шума, а во еден момент биле загрозени и куќите.

На пожарникарите им се помагало и од воздух, при што биле користени три канадери и два „ер трактори“.

Во моментот гори кај Дубровник, како и на планината Велебит и тоа на две места. Пожарникарите веќе седум дена се борат со овие пожари, а повремено се слушаат експлозии од заостанати мини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com