-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Во Подгорица средба Ѓукановиќ – Палмер

Најчитани вести

Целта на САД е стабилна Црна Гора на европскиот и евроатлантскиот пат, заштитена од надворешни влијанија, нагласи заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер на вчерашната средба со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Палмер додаде дека е во интерес на САД да придонесат за стабилноста на Западен Балкан во партнерство со Европска Унија, со порака дека ЕУ е клуб на вредности, а не само клуб на интереси, што е предизвик за регионот на пат кон членство.

За време на состанокот беа разменети мислења за голем број регионални и геополитички прашања.

Ѓукановиќ истакна дека односите меѓу двете земји се на завидно ниво и изрази задоволство од најавите за поинтензивен ангажман на САД во регионот.

претходниот член,Нови мерки во Грција
Следната статијаЛајен во посета на Хрватска

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com