19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

ВО ПЛАН СЕ ТРИ ЗАФАТИ Дејвид Бекам се осмели да направи естетски корекции

Најчитани вести

Иако е познат како еден од најзгодните мажи на светот, Дејвид стана несигурен во врска со својот изглед и реши да побара помош.

Дејвид Бекам е еден од најзгодните мажи на светот, тврдат многу припаднички на понежниот пол, а фактот дека е татко на четири деца не го намали неговиот шарм. Дејвид никогаш , како многу други татковци, не се запуштил и здебелил, а многу фанови тврдат дека тој е позгоден од кога било и дека треба да им служи како пример на другите мажи.

Но, се чини дека Дејвид не е толку сигурен во својот изглед, па затоа реши да побара помош од естетски експерти. Според британските медиуми, Бекам веќе бил на консултации во престижната естетска поликлиника во Лондон и решил да подлегне на третмани кои ќе му го освежат лицето. Имено, постојат три процедури, а првата од нив е отстранување на брчките помеѓу веѓите. Вертикалните брчки помеѓу веѓите се нарекуваат намуртени брчки. Тие му даваат на лицето загрижен и строг изглед и затоа не се многу привлечни. Кај некои луќе се поизразени, особено кај мажите, па Дејвид реши да ги избрише брчките со хијалуронска киселина. ‘Тој не е љубител на ботокс и никогаш не би се одлучил на тоа. Претпочита поприродни третмани, без оглед на тоа што нивната ефикасност е пократка “, рече извор близок до фудбалерот.

Освен инјектирањето хијалуронска киселина помеѓу веѓите, Дејвид сака да направи и затегнување на кожата на вратот. Кожата која виси со или без вишок маснотии може да ја наруши целата линија на лицето и да остави впечаток на предвремено стареење. Затегнувањето на кожата на вратот може да биде вредна алатка со која би се вратил младешкиот изглед, велат естетските хирурзи. „Дејвид се одлучи за безболен третман чие време на опоравување е само неколку дена“, рече истиот извор.

Третиот третман на кој сака да подлегне Бекам е блефаропластика, односно корекција на очните капаци. Кандидати за блефаропластика се сите лица чија кожа на очните капаци ја изгубила еластичноста и конзистентноста. Најчесто, станува збор за постари луѓе затоа што кожата на очните капаци е најтенка и на неа се појавуваат првите знаци на стареење. Блефаропластиката не е само естетски проблем, туку и функционален. Во некои ситуации, очните капаци можат да се спуштат толку многу што не можат да се подигнат нормално и да се мешаат во видот. Кандидати за корекција на очните капаци не се само оние кои се борат со возраста, туку и луѓето на возраст од 20 до 30 години, кои исто така доживуваат вишок кожа на очните капаци или во случај на наследна предиспозиција за појава на темни кругови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести