8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Во петок почнува исплатата на ноемвриските пензии

Најчитани вести

На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2021 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2021 година, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2021 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички,

Исплатата ќе се врши во четири групи, согласно распоредот составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во петок, 26.11.2021 година;

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во понеделник, 29.11.2021 година;

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 30.11.2021 година и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во среда, 01.12.2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com