Home » Во Охрид почнува Преспа форумот за дијалог

Во Охрид почнува Преспа форумот за дијалог

by Журнал.мк

Годинашниот Преспа форум за дијалог, што ќе се одржи денеска и утре во Охрид, ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Словенија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Гостин на Форумот е и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел кој вчера во Охрид имаше средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Во пресрет на јунскиот Самит на ЕУ на кој му претходи лидерскиот состанок на Европската Унија – Западен Балкан, претседателите разговараа за европското досие на Македонија, предизвиците и можните модалитети за нивно надминување. Тие се осврнаа и врз воената руска агресија во Украина, можните безбедносни закани во регионот и пошироко, како и на справувањето со економските предизвици соочени со ефектите од здравствената и енергетска криза.

Утре премиерот Димитар Ковачевски ќе ја отвори сесијата на тема „65 години по Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“. На панел сесијата предвидено е учество и на премиерите на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим. Инаку, Форумот кој ќе е фокусиран врз последиците од војната во Украина врз стабилноста на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Австрија, Турција, Хрватска, Полска и Словачка, како и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More