5.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Во Охрид и Битола најмногу почувствуван земјотресот што ја погоди Албанија

Најчитани вести

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес околу 15 часот регистрирше земјотрес со епицентар 180 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, кој потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесувала 4,7, а бил почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени, а вo Битола и околината со интензитет од III, според Европската макросеизмичка скала.

Во останатиот дел на Македонија замјотресот бил почувствуван со интензитет II степени од истата скала.

Најнови вести