23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Во отпадните води во Словенија забележани големи количини на коронавирус

Најчитани вести

За време на редовното истражување на седум постројки за квалитетот на водата, словенечкиот Институт за биологија открил поголем скок во присуството на новиот коронавирус во отпадните води на морското крајбрежје, што може да укаже и на општо поголемо присуство на вирусот.

Лука Ренко од владиниот портал за следење на состојбата во врска со коронавирусот, вели дека ситуацијата ќе се следи во наредните денови и дека една од причините за тоа може да биде британскиот вид на вирус, кој е во пораст во земјите од регионот.

Тој додаде дека ова можеби е и причина и за зголемениот број на инфекции во тој дел на Словенија, но исто така предупреди дека е рано да се донесе каков било заклучок.

Како што е наведено, една од постројките каде е откриен вирусот е во Копер, со кој се поврзани и Анкаран и Изола.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести