17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Во овој живот полн со болка и страдање, ти ја остави најубавата трага: Пријателите се простуваат од Марина Туцаковиќ

Најчитани вести

Вчеравечер во Белград на 67 години од рак на дојката почина Марина Туцаковиќ, најпознатиот текстописец во поранешна Југославија. Иако долго време се бореше со болеста, веста за нејзината смрт пријателите и фановите ја примија со неверување. Цеца, Лепа Брена, Калиопи, Масимо Савиќ, Карлеуша, Дарко Димитров, Драгана Мирковиќ, се само дел од блиските пријатели и соработници што со заеднички слики, анегдоти и пораки, преку социјалните мрежи се простија од Марина.

„Тешко е да се простиш од најдобрите. Фала за стиховите што ги делеше со нас“, напиша Калиопи.

„Маки моја. Барам зборови. Во овој посран живот полн со болка, страдање и тага, ја остави најубавата трага. И претпоставувам дека вредеше да се живее за тоа. Ти благодарам за сè“, напиша Јелена Карлеуша.View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

„Никогаш повеќе нема да се роди таква жена што сите ја сакавме и почитувавме. Нејзините текстови ќе останат како печат на сите нас, едно време кога го имавме најголемиот поет и другар и пријател“, вели Брена.View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

„Марина ќе живее засекогаш“, напиша во пораката Дарко Димитров.

И пејачката Драгана Мирковиќ објави проштална порака на Инстаграм.

„Моите мисли сега се со твоето семејство, а особено со твојот син, бидејќи само ние што имавме среќа да нè допреш во овој живот со својата големина, можеме да претпоставиме колку изгубиле вашите најблиски. Без разлика колку време поминав со тебе, секогаш ќе биде малку“, напиша Драгана.

„Замина една вонсериска душа, жена која правеше поезија од секоја ситуација, некој на чија работа никој не остана имун, а ние што ја имавме за пријателка, можеме да се сметаме за привилегирани. Марина драга моја, одмори ја душата и знај дека ќе те сакаме засекогаш“, напиша Цеца.View this post on Instagram

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

За потсетување, на Марина Туцаковиќ во 2018 година ѝ беше откриен рак на дојката. Таа долго време одеше на терапии во Германија. Неодамна по подолго време се појави во јавноста и рече дека е подобро, а најави и дека работи на филм посветен на нејзиниот живот. Пред неколку дена, нејзиниот син откри дека таа и неговиот татко, композиторот Александар Фута Радуловиќ, се заразени со корона, по што Марина беше префрлена во болница, каде што била ставена на респиратор поради тешко дишење. Таа почина вчеравечер во болница во Белград.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com