2 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Во нуцк „Марко Цепенков“: „Танец“ пред прилепчани

Најчитани вести

Ансамблот „Танец“ под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“, вечерва во 20 часот ќе настапи на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Настапот е дел од серијата концерти во рамките на чествувањето на 70 јубилеј на ансамблот, кој деновиве со спектакуларен концерт ја прослави годишнината од формирањето.

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Репертоарот на “Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: “Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка” и многу други бисери на македонскот народно творештво./tribuna.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести