26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Во Нов Зеланд отворена продавница во која сè е бесплатно: Градската организација покренала необична иницијатива

Најчитани вести

Главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, стана град со многу необично место – продавница во која сè е бесплатно.

Оваа „социјална продавница“ или „банка за храна“ како што уште ја нарекуваат, е покрената од страна на градската организација „Wellington City Mission“, која е основана во 1904 година со цел да одговори на барањата и потребите на локалното население.

Нивната цел, покрај останатото, е да изградат заедница која се заснова на грижа за другите, пишува порталот „DDL“.

Идејата за основање на ваква продавница настанала од потребата да се поддржи заедницата преку обезбедување на пристап до храна и можност луѓето да го изберат она што го сакаат. Планирано е и проширување на мрежата на вакви продавници во наредниот период.

Наместо цена, поени за купување

За да остварат можност да купуваат овде, сите заинтересирани треба да контактираат со организацијата за да објаснат во каква ситуација се наоѓаат и зошто им е потребна ваква помош. По тоа, тие добиваат термин кога ќе можат да одат на шопинг.

Наместо цени, предметите во продавницата се означени со поени од 1 до 5, каде 1 поен вредат најевтините намирници додека 5 поени вредат намирници во вредност од повеќе од 10 долари.

Во зависност од ситуацијата во која се наоѓа лицето, организацијата одлучува колку поени ќе му бидат доделени. На пример, возрасно лице со слободен брачен статус би добило околу 55 поени, додека семејство би добило значително повеќе.

На овој начин, социјално загрозените лица не добиваат веќе спремен пакет храна, туку сами одлучуваат што ќе купат и како ќе управуваат со својот буџет.

Во продавницата веќе има околу 3000 производи и во неа можете да најдете сè, освен алкохол и цигари. Социјалната продавница има поддршка од големи ланци на супермаркети, но донациите се секогаш добредојдени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести