9.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Во новата кампања за брендот “Тифани” славната пејачка го носеше 128 каратниот дијамант кој го прослави Одри Хепберн

Најчитани вести

Бијонсе е четвртата личност која го носела славниот жолт дијамант од брендот Тифани, а тоа го направи во последната кампања за брендот наликувајќи на славната Одри Хепберн, која беше првата славна личност која го носеше овој накит. Во 2019 за доделувањето на Оскарите го носеше и Лејди Гага.

Пејачката и нејзиниот сопруг, Џеј Зи се главните ѕвезди на кампањата на брендот “Тифани” која го носи називот “О, Љубов”.

Според “Вог”, жолтиот дијамант од 128,54 карати кој Бијонсе го носи околу вратот кој е обесен на ланец дизајниран со повеќе од 100 карати.

Бијонсе, покрај култниот дијамант носела и жолт дијамантски прстен од 22 карати, дијамантски прстен од 15,02 карати – смарагд со потекло од Боцвана и нараквица од 18 каратно жолто злато.

За последен пат дијамантот беше биден на доделувањето на Оскарите во 2019 година кога Лејди Гага се појави на црвениот тепих. Таа беше првата позната личност која го носела после Одри Хепберн, која го носеше на рекламните фотографии за филмот “Breakfast at Tiffany’s” од 1961 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com