23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Во НОБ на 19. февруари „Гала оперски концерт“

Најчитани вести

Нацоналната опера и балет со задоволство ви  најавува „Гала оперски концерт“ кој ќе се одржи во петок на 19.2.2021 година, во 20 часот. Настапуваат Ристе Велков баритон, Билјана Јосифов сопран, Драган Ампов баритон, Злата Тошевска сопран, Ана Ројдева сопран, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ а концерт мајстор е Верица Ламбевска.
За љубителите на оперската уметност,  во овие услови на пандемија, ќе се изведат арии од најголемите оперски класици, дела на Јохан Штраус, В. А. Моцарт, Џоакино Росини, Џузепе Верди, П.И.Чајковски, Жорж Бизе, Гаетано Доницети, Џaкомо Пучини и Франц Лехар од оперите „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Магбет“, „Евгениј Онегин“ и др.

*Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести