Home » Во Нигер затворен воздушниот простор поради закана од воена интервенција

Во Нигер затворен воздушниот простор поради закана од воена интервенција

by Журнал.мк

Се разгорува тензијата во Западна Африка. Бунтовничките генерали го затворија воздушниот простор на Нигер. Националниот совет за заштита на земјата ги информира граѓаните дека странски сили се подготвени за напад, во координација со Економската Заедница на западноафриканските држави и вооружените терористички групи.

„Соочени со заканата за интервенција која се подготвува, нигерискиот воздушен простор е затворен за сите авиони. Сите обиди за нарушување на националниот воздушен простор на Нигер ќе наидат на моментален одговор. Националниот совет за заштита упатува апел до својата младина, благородните синови и ќерки, да бидат подготвени да ја бранат нашата земја“, изјави Полковник мајор Амаду Абдраман, портпарол на Нигер по воениот удар.

Алжир и Чад, кои не се членки на ЕКОВАС, се спротивставија на употребата на сила, додека Мали и Буркина Фасо – и двете управувани од војската – рекоа дека интервенцијата би била објава на војна и против нив. Вчера, илјадници приврзаници на воениот удар во Нигер се собраа во главниот град против ултиматумот на регионалниот блок „ЕКОВАС“.

„Имаше напади врз неколку региони, каде беше Економска заедница на западноафриканските држави? Сега неколку поединци се заинтересирани и ни велат да, има ЕКОВАС. Не беа тука кога беше потребно, не можеа да интервенираат, но сега доаѓаат да не уценуваат“ изјави Букари Аманду, поддржувач на воениот удар.

Се погласни се тврдењата дека пред истекот на рокот за ослободување на сменетиот претседател, Мохамед Базум и можната интервенција, воената хунта на Нигер побарала помош од руската платеничка група Вагнер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More