21.8 C
Skopje
Tuesday, June 22, 2021

Во неа лудо бил заљубен пред да ја запознае Ана: Вака изгледа денес убавицата со која Бастијан поминал 7 години заедно

Најчитани вести

Кога беше објавено дека германскиот фудбалер се заљубил во српската тенисерка, сите погледи беа упатени кон Сара Бранднер, манекенката со која што Бастијан раскина претходно.

Германската манекенка Сара е една од најпопуларните убавици во таа земја поради што фановите на Швајнштајгер тешко го поднеле нивното раскинување.

Тие биле заедно дури седум години, но сепак очигледно дека не им било судено да бидат заедно до крај.

Нивната врска очигледно не водела кон брак, а потоа фудбалерот ја запознал српската тенисерка Ана Ивановиќ и се заљубил во неа.

Откако германскиот спортист и српската убавица почнале да се појавуваат заедно во јавноста, сите погледни биле насочени кон Сара за која што тогаш се пишувало дека пати.

Таа тоа го демантирала, тврдејќи дека е среќна.

„Добро сум. Се трудам луѓето да ме гледаат како личност“, изјавила Сара во една прилика.

„Претходно ме нервираше што луѓето ме гледаа како девојката на фудбалерот“.

Набрзо по раскинувањето со Бастијан, на Октоберфест Сара го запознала Михаил Бајер, а неколку месеци подоцна се пишуваше дека веќе се заедно.

Судејќи по пишувањето на медиумите, русокосата и Бајер биле видени во 2017 година како се прегрнуваат на едно доделување на наградите и биле во врска околу три години, односно до август 2018 година.

Со оглед на тоа што ја чува својата приватност, не е познато дали моментално е заљубена, но едно е сигурно – таа е многу убава.


Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести