24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Во МНТ свечена академија за Денот на албанската азбука

Најчитани вести

Во Македонскиот народен театар со почеток во 19:30 часот во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржи Свечената академија по повод прославата на Денот на албанската азбука.

Денот на албанската азбука или Битолскиот конгрес го одбележува состанокот на десетици албански научници кои од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале со цел создавање на албанската азбука. На Битолскиот конгрес делегатите од Албанија и албанските здруженија и клубови од целиот свет донеле одлука за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик. Со тоа, 22 ноември останал како ден за помнење на албанскиот народ, познат како Ден на албанската азбука.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците организираше серија настани по повод прославата на Денот на албанската азбука. Централната манифестација – Свечена академија, ќе се одржи во Македонскиот народен театар, со почеток во 19:30 часот на која ќе присуствува претседателот на Владата, претседателот на Собранието, министри, претставници од политичките партии, претставници на дипломатскиот кор, истакнати личности од општествениот и политички живот во Северна Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести