21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Во Литванија блокираа испорака на кинески скенери за аеродроми поради загриженост за националната безбедност

Најчитани вести

Литванската Влада го блокираше испорака на скенери за багаж на своите аеродроми од кинеската компанија „Нутек“ и како мотив ја наведе националната безбедност.

– Владата одлучи дека договорот не ги исполнува интересите за национална безбедност, изјави портпаролот на литванскиот премиер по затворениот состанок на владата.

Во јуни минатата година, Волстрит џурнал објави дека САД се обидуваат да ги обединат европските влади во избегнување на Нуктех, чии скенери за товар, багаж и скенери за луѓе стануваат дел од пристаништата, граничните премини и аеродромите низ цела Европа.

Минатата година, литванската Влада вети дека ќе ги поддржи „оние кои се борат за слобода во Тајван“, а минатата недела го испрати само својот министер за транспорт на виртуелен самит меѓу Кина и 17 европски земји, што јасно сигнализира загриженост од Кина.

Според законот, литванската Влада има право да ги суспендира своите стратешки компании, како што е онаа што е надлежна за аеродромите, од склучување договори за кои сметаат дека се штетни за националната безбедност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести