Преку 130 пилоти од 21 земја наредните две недели ќе се натпреваруваат на Светското првенство во змејарство во Крушево. Градот е домаќин на врвен меѓународен настан од авантуристичките спортови. Овде пилотите летаат многу побрзо од параглајдеристите.
Првенството е подготвувано три години зашто Ковидот го одложи. Сега Крушево заслужено е домаќин на елитата во светското змејарство.
Ова големо првенство ги раздвижува локалната економија и алтернативниот туризам во Крушево кое е светски призната дестинација.
Со врвната умешност во светското змејарство, Крушево ќе живее две недели.