Архитектка и модна инфлуенсерка Марија Јовева од Штип, позната како Марис Џолин, вчера се омажи со својот долгогодишен партнер, музичарот Панче Касапски. Тие имаа интимна венчавка во Бигорскиот манастир.
Марија наместо венчаница, носеше бел комбинезон со пердуви во горниот дел и долга бела бунда, кое наиде на воодушевување кај нејзините следбеници на Инстаграм.
Тие извесен период престојуваа во Шведска, но вчера се вратија во Македонија за да го прослават овој посебен ден заедно со членовите на семејството и најблиските пријатели.
Во 2018 година, Марија ја имаше главната улога во спотот на Панче за песната „Намини ноќва“.