24.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Во Колумбија загинаа 11 луѓе во судир помеѓу вооружени групи

Најчитани вести

Најмалку 11 луѓе загина во судр на две вооружени банди во југозападниот дел на Колумбија за време на викендот, изјави синоќа колумбискиот министер за одбрана Дијего Молано.

Инцидентот се случил во руралната област во близина на градот Тумака, а помеѓу загинатите има и цивили.

Борците на Оливер Синистера (група поранешни припадници на Револуционерните вооружени сили на Колумбија – ФАРК) се судриле со членовите на групата Лос Контадерес, банда која се бори за превласт во областа, посочи Молано.

Во околината на Тумака има околу 9.700 хектари земјите насадено со кока, од кое годишно се произведуваат 75 тони кокаин.

Властите понудија награда од 56.000 американски долари за информации кои би довеле до апсење за водачите на групите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести