23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 23 пациенти

Најчитани вести

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 315 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало 13 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 18 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 17 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

Вкупно 315 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести