6.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Во Кина ќе се произведуваат три нови модели на Mercedes!

Најчитани вести

Производителот на премиум автомобили од Германија сака да го зголеми своето учество на поединечно најголемиот пазар во светото пишуваат специјализираните медиуми.

Од Mercedes најавија дека во рамките на заедничката германско – кинеска компанија  BAIC во оваа најбројна со жители земја во светот ќе  ги изработува електричниот  SUV EQC, потоа спортската лимузина AMG A35L Sedan и  неодамна претставениот комапкет SUV  моделот GLB.

Таа информација ја пласираа новинарите од AutoNews.

Исто така, Mercedes EQC ќе стане првиот луксузен SUV на струја што се произведува во Кина , додека A35L Sedan ќе биде првиот AMG што ќе се изработува во оваа делеку источна земја.

Производителот на премиум возила од Германија истовремено ќе ги избегне плаќањата на високите царини за овие три модела , што инаку би морал да го стори во случај тие возила да се увезуваат во Кина од некоја друга земја во светот..

Инаку, Mercedes oсвен најавениот  SUV GLB во Kина веќе произведува уште два  SUV модели, GLA и GLC.

Во таа земја се склопуваат и продолжените верзии на лимузината A-Сlasѕ, C-Сlasѕ и на E-Сlasѕ.

Во текот на пртвите шест месеци во оваа  2019 година Mercedes во Кина произвел 282.000 возила, што претставува пораст од 12% во однос на истиот период во претходната 2018-та година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com