6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Во Кина најголем број новозаболени од 1 март досега

Најчитани вести

Официјални лица во Кина објавија најголем број нови дневни случаи на Ковид-19 во последните 10 месеци, а поради тешката епидемиолошка состојба на североистокот на земјата, повеќе од 28 милиони луѓе се во карантин.

Вкупно 144 нови случаи на Ковид-19 се пријавени во Кина во четвртокот, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија, што е најголема дневна бројка откако 202 случаи се забележани на 1 март минатата година, пренесува „Ројтерс“.

Државната комисија соопшти дека има 135 нови случаи на локални инфекции, од кои 90 се во провинцијата Хубеи во близина на Пекинг, која беше најтешко погодена во последниот бран.

Други 43 случаи се пријавени во североисточната провинција Хеилонгјанг, а провинциите Гуангкси и Шанкси пријавиле по еден нов потврден случај.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина сега е 87.988, додека бројот на смртни случаи е непроменет – 4.635.

Новиот бран на Ковид-19 доаѓа во моментот кога тим од истражувачи на Светската здравствена организација (СЗО) пристигнува во Кина за да го утврди потеклото на пандемијата во која досега загинаа речиси два милиони луѓе ширум светот.

Делегацијата на СЗО, која доцнеше со доаќањето поради одбивањето на Пекинг да им дозволи влез во земјата, вчера се соочи и со проблем, бидејќи двајца членови на тимот беа запрени во Сингапур, откако тестовите покажаа дека имаат антитела, додека останатите од делегацијата беа ставени во карантин во Вухан, каде што ќе престојуваат две недели, по што ќе почне истражувањето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com