-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Во Кина за еден ден регистрирани 76 новозаразени со Ковид-19

Најчитани вести

Во Кина изминатите 24 часа пријавени се 76 нови случаи на заразени со коронавирусот, додека претходниот ден регистрирани се 32 пациенти, соопштија здравствените власти.

Тоа е најголема дневна стапка на новозаразени од јануари годинава.

Четириесет од новите случаи биле локални инфекции, додека претходниот ден биле само пет.

Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени, е 24, додека ден претходно нивниот број изнесуваше 17.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковбид-19 во Кина е 92.605, а бројот на смртни случаи останува непроменет – 4.636.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести