18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Во кабинетот на Пендаровски се одржа седница на Советот за безбедност

Најчитани вести

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се одржа редовна седница на Советот за безбедност.

На првиот дел од седницата на Советот за безбедност, како што велат од кабинетот на Пендаровски, се разгледуваат тековни прашања од интерес на безбедноста на државата. Покрај членовите на Советот за безбедност, во првиот дел присуствуваат и Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу, директор на Агенција за разузнавање, Зоран Ангеловски, директор на Оперативно-техничката агенција, и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

„Во вториот дел на седницата на Советот за безбедност, кој ќе биде посветен на проблемот со аерозагадувањето, покрај членовите на советот, ќе учествуваат и претставници на здружените граѓански иницијативи и организации, кои во изминатиот период одржаа средба со претседателот Пендаровски во однос на заштитата на животната средина, а преку писмо дадоа предлози и иницијативи за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено. Во вториот дел од седницата ќе учествуваат и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање и Фејзула Спахија, директор на Државниот инспекторат за животна средина“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com