23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Во Италија откриени 29 милиони вакцини на „AstraZeneca“

Најчитани вести

Речиси 29 милиони дози од вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“ се откриени во текот на викендот во фабрика во Италија, изјави во средата француски функционер, а допрва треба да се утврди дали вакцините биле наменети за извоз.

Во фабриката „Catalent“ во Анањи има 29 милиони дози на вакцината „АstraZeneca“ подготвена да биде испорачана во Велика Британија и откриена од италијанските власти по спроведената истрага од Европската комисија, објави италијанскиот весник La Stampa повикувајќи се на својот дописник од Брисел и во написот наведува дека „маневрите на AstraZeneca беа откриени благодарение на посетата на еврокомесарот Тиери Бретон на фабриката во Лајден, во Холандија, која е под управа на Halix“, една од двете постројки во ЕУ што ги користи фармацевтската компанија за производство на вакцината.

Таа фабрика, се додава во написот на La Stampa, може да произведува 5 до 6 милиони дози месечно и започна со производство минатиот септември. Според извори од ЕУ, делови од тие дози „многу е веројатно дека во првата фаза биле испратени во Велика Британија“, но испораките биле прекинати на 1-ви февруари кога стапи на сила регулативата за контрола на извозот на ЕУ. Бидејќи не добил никаков одговор од компанијата за тоа што се случило со дозите, францускиот комесар пријавил кај италијанските власти кои започнале инспекција во италијанската фабрика, каде што се полнат дозите.

Првиот извештај испратен до Брисел, пишува натаму La Stampa, вели дека во фрижидерите во магацините на локацијата во регионот Лацио има 29 милиони дози на вакцина. Извори од ЕУ објаснуваат дека веројатно не сите биле произведени во „Halix“, но станува збор за ампули, веќе подготвена вакцина за инјектирање и дека фармацевтската компанија имала цел да ги испрати овие серии во Велика Британија, а не во земјите на Европската унија „и покрај одложувањата во испораките договорени со Брисел“.

Според италијанските медиуми, Европската комисија во саботата побарала до италијанската влада да провери неколку серии вакцини во фабриката во Анањи крај Рим. Премиерот Марио Драги за тоа го информирал италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанѕа кој испратил инспекција која била спрведена меѓу саботата и неделата со поддршка на карабинерите, а како што пренесува агенцијата Ansa, наводно сите серии биле наменети за погонот на „АstraZeneca“ во Белгија.

Доколку се утврди дека тие вакцини се наменети за извоз, би требало да се разгледа блокирање на извозот, рекол фунционер од кабинетот на францускиот претседател, пренесува агенцијата Reuters.

Компанијата „AstraZeneca“ би требало да ги зголеми испораките на вакцината против Covid-19 во Европската унија по ова откритие, рекол во средата исто така неименуван извор од владата на Германија.

„Можеби сега се прижа можноста значително да се зголеми испораката (на Европската унија), што извршниот директор (на AstraZeneca) го вети“, рекол германскиот извор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести