13 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Во Италија евакуирани 4.000 луѓе поради деактивирање на бомба од Втората светска војна

Најчитани вести

Италијанските власти денес од центарот на градот Болцано евакуирале 4.000 луѓе и го сопреле сообраќајот додека пиротехничарите деактивирале бомба заостаната од Втората светска војна.

Локалните власти наложиле запирање на локалните автобуски линии и железнички сообраќај кои поминуваат низ градот, како и затворање на автопатот Бренер, еден од најпрометните во Европа, која води кон австриската граница.

Експлозивната направа тешка 225 килограми е пронајдена на 9-ти октомври за време на реконструирање на сообраќајница во централното градско подрачје.

Авионската бомба е деактивирана во тричасовна операција. Во 6:30 најпрво се евакуирани сите жители кои живееле во круг од 500 метри од бомбата, станува збор за 4.000 луѓе.

За време на Втората светска војна овој град претрпел 13 бомбардирања.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести