13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Во Истра уапсени 27 луѓе за кои постои сомнеж дека лажирале сообраќајни несреќи

Најчитани вести

Истарската полиција соопшти дека се упасени 27 лица под сомнение дека лажирале сообраќајни несреќи и мамеле осигурителни компании.

Се сомнева дека двајца мажи, од кои едниот од претходно се наоѓа во истражен затвор, и една жена извршиле злосторничко здружување, измама и фалсификување исправи, додека останатите лица се товарат за лажирање сообраќајни несреќи, со што помогнале во измамата.

Од 2012 до 2018 година тие планирале и организирале лажни сообраќајни несреќи на подрачјето на Истарската жупанија, едниот ги пријавувал тие лажни несреќи во полиција со цел финансиски надомест, а потоа жртвите оделе во болница, каде се жалеле на претходно договорени повреди.

Тие му ја предавале медицинската документација на еден од учесниците во синџирот измами, медицински техничар, кој неовластено изработувал нови специјалистички наоди во системот на болницата кои ги исполнувале условите за компензација од осигурителните компании.

Освен што фингирале сообраќајни несреќи, осомничените ги мамеле осигурителните компании и во случаи на вистински несреќи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести