10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Во Индија за еден ден регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19

Најчитани вести

Индија денеска има неславен светски рекорд според бројот на смртни случаи од Ковид-19 во еден ден – 6148.

Ова се случи откако источната држава Бихар, една од најсиромашните држави во Индија, ги ревидира бројките со додавање на смртни случаи во домови или или во приватни болници.

Претходниот тажен рекорд беше во САД на 12 февруари – 5.444 смртни случаи од Ковид-19 за еден ден.

Во изминатите 24 часа, во Индија се пријавени 94.052 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број достигна 29,2 милиони.

Вкупниот број на смртни случаи е 359.676, соопшти индиското Министерство за здравство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com