9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Во земјава пристигнаа уште 97 граѓани од Авганистан

Најчитани вести

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигнаа 97 граѓани од Авганистан. Се работи за активисти на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ). Тие ќе бидат привремено сместени во земјава, сѐ додека не биде обезбеден трансфер до нивната крајна дестинација.

По слетувањето, на граѓаните од Авганистан им беше спроведена стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина, информираа од Владата.

„Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот“, соопшти владината прес-служба.

Трошоците за оваа група граѓани ќе бидат целосно покриени од НДИ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com