Анита Гаговска е поранешна волонтерка, дипломиран психолог и директорка на „Порака Нова“. Самоиницијативно, пред 15 години, побарала организација во Шпанија која работи со лица со попреченост.
Таа објаснува дека денес, сè помалку младите се одлучуваат да волонтираат. Она што прво ги интересира, е дали и колку ќе бидат платени за работата што ќе ја работат.
Мора да се концептира програма за привлекување волонтери, велат од првата детска амбасада „Меѓаши“, особено од редот на студентите од општествените науки.
Волонтирањето, како израз на солидарност, младите да го сфатат како процес на лично и професионално градење, порачуваат волонтерите.