-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Во затвор во Белград пронајдени мртви мафијаш и затворски чувар

Најчитани вести

Притвореник и полицаец се пронајдени мртви утринава во Централниот затвор во Белград. Според првичните информации станува збор за затвореникот З. С. (34) кој бил член на кланот Америка, и еден затворски чувар.

„Припадникот на службата за обезбедување рано утрово е пронајден мртов во својата канцеларија. Лекарите од специјалната затворска болница веднаш се примениле реанимација до доаѓањето на Брза помош, но безуспешно“, изјавија за Телеграф.рс од Управата за извршување санкции на Србија.

„Во сосема друг дел од Окружниот затвор во просторија во која се сместени притвореници, околу 7 часот утрово, притвореното лице З.С. е пронајден без знаци на живот во својот кревет. И во овој случај е направен обид за реанимација, но исто така безуспешен. Известено е Обвинителството, а полицијата треба да изврши увид и најверојатно ќе биде побарана обдукција“, велат од Управата.

Неофицијално се дознава дека причина за смрт во обата случаи е срцев удар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com