-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Во Загреб се отвори земјата, проголта автомобил

Најчитани вести

Автомобил пропадна, настана колапс во сообраќајот, а Итна помош го зема возачот, рекол читател на 24сата.хр кој испратил фотографии до редакцијата.

Друг читател рекол дека пред возилото кое пропаднало поминал камион, а потоа уште еден автомобил кој од тој дел од патот свртел кон дворот на една куќа. А, потоа наиде и возачот на „Опел Астра“ под кој се создаде кратер длабок скоро два метри, а широк околу три ипол метри, велат од градската Канцеларија за управување со итни ситуации.

„Видов како се отворија двете воздушни перничиња. Го видов возачот на автомобилот и ми се чинеше дека е тешко повреден“, раскажал читател. Според неговите кажувања, автомобилот пропаднал со предните гуми и додал дека очекувал дека такво нешто ќе се случи затоа што на тој пат непрестано интервенирале градските служби.

„На секои десет до петнаесет дена доаѓаат да копаат затоа што водоводните цевки непрестано пукаат. Не е чудо што ова се случи. За среќа никој не настрадал“, рекол тој.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести