15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Во ЕУ се влошува епидемиолошката состојба, во девет земји е загрижувачка

Најчитани вести

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека во Европската Унија продолжува да се влошува епидемиолошката состојба поради ковид-19 и во десет земји е „многу загрижувачка“.

Од 27-те членки на Унијата, Белгија, Полска, Холандија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија и Словенија се земји во кои ситуацијата е многу загрижувачка, соопшти ЕЦДЦ.

Како што јави Хина, Хрватска и Словенија пројавиле најмногу новозаразени во однос на бројот на жители.

Со 472.800 заразени на ден оваа недела ширум светот, стапката на зараза расте четврта недела по ред.

За разлика од претходните недели, Европа повеќе не е единствената област каде што ситуацијата се влошува. Лош тренд покажуваат и областите на Латинска Америка и Карибите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com