7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Во ЕУ за проширувањето пак ќе се разгoвара во Загреб во мај 2020

Најчитани вести

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск порача дека ЕУ ќе се наврати на проширувањето пред Самитот во Загреб во мај наредната година, откако земјите членки не успеаја да постигнат договор за почеток на преговори со Македонија и Албанија.

„Големо мнозинство членки на Европската Унија сакаат да бидат отворени пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Сепак, таквата одлука бара едногласност, а тоа вчера не беше постигнато. Да бидам јасен: Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова, тие ги исполнија условите и се подготвени за отворање на преговорите. Тие се подготвени , но за жал неколку земји членки не беа. Затоа не успеавме да постигнеме позитивна одлука. Лично сметам дека тоа е грешка, но нема да го коментирам понатаму“, изјави Туск.

Претседателот на Европскиот Совет на прес-конференцијата ги повика Скопје и Тирана да не се откажуваат.

„Денеска сакам да испратам порака до нашите македонски и алабански пријатели – ве молам не се отклажувајте. Целосно ја разбирам вашата фрустрација, бидејќи заслуживте, а не добивте. ЕУ е комплелксен политички ентитет и вистина е дека некогаш носењето одлуки трае предолго. Но, апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“, порача Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција кажа дека „многу жали“ што ЕУ не успеа да постигне консензус и посочи дека против биле Франција, Данска и Холандија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com